Досегашниот фудбалер на Лестер Патсон Дака од денеска е нов фудбалер на германскиот бундеслигашки клуб Хамург, соопшти германскиот клуб.

Замбиецот Дака кој има 27 години, претходните пет сеозни играше за британскиот клуб Лестер.

Во минатата сезона тој одигра за Лестер 44 натпревари на кои постигна шест голови и имаше четири асистенции.

Не се обелоденети детали за трансферот и платата на Дака, кој изјави дека е многу среќен што преминува во Хамбург.

Слични новости

Европскиот шампион ПСЖ со разочарувачки старт на почетокот од сезоната

Европскиот шампион ПСЖ со разочарувачки старт на почетокот од сезоната

Париз Сен Жермен синоќа на домашен терен загуби од Монако со 2:1 и по три кола во француската прва лига нема ниту една победа. Поразот на домашен терен против Монако уследува откако во минатото коло ПСЖ во финишот на мечот спаси бод против Лил, а во првото коло одигра нерешено 2:2 против Рен.