Патрик Вилсон кој е номиниран за ЕМИ за франшизите „Фарго“ и „Конџуринг“ им се придружи на Хавиер Бардем и Ејми Адамс во серијата Cape Fear во продукција на Ејпл ТВ, која се базира на филмот Cape Fear од 1991.

Стивен Спилберг и Мартин Скорцесе продуцентот и режисерот на филмот од 1991 -ва со Роберт Де Ниро, Ник Нолти и Џесика Ланг се извршни продуценти на серијата, заедно со Ник Антоса кој го пишува сценариото.

Како и во филмот дејството на серијата е фокусирано на убиецот Макс Кади откако ќе биде пуштен од затвор кого го игра Хавиер Бардем, а тој ќе го прогонува брачниот пар Боуденс кои за него се криви што бил осуден.

Шоуто ќе има и модерен елемент од 21-век, како што е опсесијата да се снима вистински криминал во Америка.

 

 

Слични новости

Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва

Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва

Ден Стивенс игра во новата хит серија на Нетфликс Zero Day, политички трилер во која го игра популарниот Јутјубер Еван Грин, лик што потсетува на десничарскиот новинар Такер Карлсон со неверојатна убедливост.