Опозициската СДСМ денеска информира дека нивната пратеничка група поднела предлог-измени на Законот за владата по скратена постапка. Со овие измени се предвидува забраната за поседување двојно државјанство да ги опфати сите членови на извршната власт, вклучувајќи ги министрите и вицепремиерите.
Од партијата потенцираат дека нивната цел е воспоставување јасен принцип според кој истите правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без какви било исклучоци.
„Забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на владата и тоа веднаш“, се вели во соопштението на СДСМ.
Актуелниот предлог закон во парламентот според кој пратениците не можат да имаат двојно државјанство СДСМ го смета за манипулативен, затоа што предлогот би важел дури за идниот парламентарен состав, а не и за актуелниот.
Слични новости
Владата најавува нови мерки за цените на храната
По завршувањето на Велигден, Владата се очекува на седница да донесе нов пакет мерки за справување со растот на цените на храната.
ВМРО ДПМНЕ : СДСМ и Венко Филипче да престанат да се фокусират на изборни процеси во други држави
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ упати повик до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да престане да се фокусира на изборни процеси во други држави и да започне со внатрешно прочистување на партијата
СДСМ: По поразот на Орбан ВМРО-ДПМНЕ останува без својот единствен сојузник во ЕУ
ВМРО-ДПМНЕ останува без својот единствен сојузник во Европската Унија, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по вчерашните избори во Унгарија


