Опозициската СДСМ денеска информира дека нивната пратеничка група поднела предлог-измени на Законот за владата по скратена постапка. Со овие измени се предвидува забраната за поседување двојно државјанство да ги опфати сите членови на извршната власт, вклучувајќи ги министрите и вицепремиерите.
Од партијата потенцираат дека нивната цел е воспоставување јасен принцип според кој истите правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без какви било исклучоци.
„Забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на владата и тоа веднаш“, се вели во соопштението на СДСМ.
Актуелниот предлог закон во парламентот според кој пратениците не можат да имаат двојно државјанство СДСМ го смета за манипулативен, затоа што предлогот би важел дури за идниот парламентарен состав, а не и за актуелниот.
Слични новости
Во секоја општина ќе има гробишта за миленици
Претстои дефинирање на локации во општините на кои ќе се се наоѓаат гробиштата и планирање на инфраструктурата која треба да се изград
ЕК ќе промовира нови стратегии за визи и за миграција и азил
Европската комисија денеска ќе усвои две нови стратегии, едната за визите, а втората за миграцијата и азилот.
Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, повторно е над 70 проценти
Драстично зголемување на поддршката има кај етничките Македонци од дури 15 проценти, а таква промена е забележана и кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, па од 43 проценти во 2023, доколку утре има гласање за влез во ЕУ, „за“ би гласале 70 проценти од нив.
