Опозициската СДСМ денеска информира дека нивната пратеничка група поднела предлог-измени на Законот за владата по скратена постапка. Со овие измени се предвидува забраната за поседување двојно државјанство да ги опфати сите членови на извршната власт, вклучувајќи ги министрите и вицепремиерите.

Од партијата потенцираат дека нивната цел е воспоставување јасен принцип според кој истите правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без какви било исклучоци.

„Забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на владата и тоа веднаш“, се вели во соопштението на СДСМ.

Актуелниот предлог закон во парламентот според кој пратениците не можат да имаат двојно државјанство СДСМ го смета за манипулативен, затоа што предлогот би важел дури за идниот парламентарен состав, а не и за актуелниот.

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.