Опозициската СДСМ денеска информира дека нивната пратеничка група поднела предлог-измени на Законот за владата по скратена постапка. Со овие измени се предвидува забраната за поседување двојно државјанство да ги опфати сите членови на извршната власт, вклучувајќи ги министрите и вицепремиерите.
Од партијата потенцираат дека нивната цел е воспоставување јасен принцип според кој истите правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без какви било исклучоци.
„Забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на владата и тоа веднаш“, се вели во соопштението на СДСМ.
Актуелниот предлог закон во парламентот според кој пратениците не можат да имаат двојно државјанство СДСМ го смета за манипулативен, затоа што предлогот би важел дури за идниот парламентарен состав, а не и за актуелниот.
Слични новости
УХМР предупреди на високи водостои на Вардар и Треска
Според УХМР од денеска се очекува зголемување на водостојот на реката Вардар во средниот дел од течението, предупредуваат на внимателно движење покрај реките.
ЦУК: Поплави во Кичево, Гостивар и Сарај
Во Југозападниот регион, во Кичево е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов.
Уапсен маж осомничен за убиство на старица во село Челопек
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село МАЛОТИНО ОД Општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово.


