Опозициската СДСМ денеска информира дека нивната пратеничка група поднела предлог-измени на Законот за владата по скратена постапка. Со овие измени се предвидува забраната за поседување двојно државјанство да ги опфати сите членови на извршната власт, вклучувајќи ги министрите и вицепремиерите.
Од партијата потенцираат дека нивната цел е воспоставување јасен принцип според кој истите правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без какви било исклучоци.
„Забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на владата и тоа веднаш“, се вели во соопштението на СДСМ.
Актуелниот предлог закон во парламентот според кој пратениците не можат да имаат двојно државјанство СДСМ го смета за манипулативен, затоа што предлогот би важел дури за идниот парламентарен состав, а не и за актуелниот.
Слични новости
Законот за минимална плата од 600 евра пред пратениците
Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата поднесен од од пратеничката група на СДСМ и коалцијата, се предлага минималната плата во државава да изнесува 600 евра.
Николоски: Воведени се 23 нови директни линии од аеродромите
Преку охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, а оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници“, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.
СДСМ: Владата планира да потроши 100 милиони евра за нов авион
СДСМ ја обвини Владата дека планира да потроши околу 100 милиони евра за набавка на нов владин авион, наместо средствата да се насочат кон зголемување на платите


