Во исклучително тесните парламентарни избори во Словенија централно-левичарското движење за слобода на премиерот Роберт Голоб освои 28,5% од гласовите, додека десничарската Словенечка Демократска Партија, или СДС предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша – освои 28,1%.
Ова се официјални резултати од државната изборна комисија по пребројувањето на околу 99% од гласачките ливчиња.
Премиерот Роберт Голоб изјави дека во наредниот период го очекуваат тешки преговори за формирање на нова влада.
Во словенечкиот парламент мандати обезбедија и Нова Словенија со 9,31 насто од гласовите, и Социјалдемократите и Демократите кои освоија по 6,7 насто од гласовите.
Слични новости
Абу Даби е домаќин на трилатерални разговори Русија-Украина-САД
Во текот на следните два дена, руски, украински и американски преговарачи присуствуваат на првите трилатерални разговори наменети за ставање крај на војната во Украина.
