Во исклучително тесните парламентарни избори во Словенија централно-левичарското движење за слобода на премиерот Роберт Голоб освои 28,5% од гласовите, додека десничарската Словенечка Демократска Партија, или СДС предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша – освои 28,1%.

Ова се официјални резултати од  државната изборна комисија по пребројувањето на околу 99% од гласачките ливчиња.

Премиерот Роберт Голоб изјави дека во наредниот период го очекуваат тешки преговори за формирање на нова влада.

Во словенечкиот парламент мандати обезбедија и Нова Словенија со 9,31 насто од гласовите, и Социјалдемократите и Демократите кои освоија по 6,7 насто од гласовите.  

 

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.