Швајцарија не склучи „договор со ѓаволот“ со тоа што се согласи на нова царинска рамка со САД, изјави во неделата министерот за економија Гај Пармелин, отфрлајќи ги критиките дека тоа претставува „предавање“ во трговската војна која ја започна американскиот претседател Доналд Трамп.

Необврзувачкиот рамковен трговски договор, објавен во петокот, ветуваше пониска стапка на увозни царини од САД за Швајцарија од 15 отсто, во споредба со претходните 39 отсто, во замена за 200 милијарди долари инвестиции од швајцарските компании во САД.

„Не ја продадовме нашата душа на ѓаволот“, рече Пармелин во интервју за весникот Tagesanzeiger, додавајќи дека е „задоволен“ од договорот и дека швајцарските компании барале зголемено производство во САД дури и пред ерата на Трамп.

Швајцарските индустриски групации го поздравија договорот, кој ги става компаниите на рамноправна основа со оние во ЕУ, по сличен договор постигнат меѓу Брисел и Вашингтон. Швајцарија инаку не е членка на Европската унија, но има договори за трговија.

Но опозициските партии изразија загриженост во врска со отстапките, доведувајќи во прашање транспарентноста на преговорите, во кои раководители од швајцарски компании како што се производителот на луксузни часовници „Rolex“ и производителот на исто така луксузни стоки „Richemont“, исто така, лобираа кај Вашингтон за отстапки.

Швајцарија се надева дека пониската царинска стапка ќе биде активирана во рок од неколку дена или седмица, иако рамковниот договор не е обврзувачки. Се очекуваат натамошни преговори. Конечниот договор мора да биде одобрен од швајцарскиот парламент и може да биде предмет на референдум.

Претходно владин претставник во Берн, кој зборуваше под услов да остане анонимен изјави за Reuters дека швајцарските претставници претставиле план за намалување и елиминирање на трговскиот суфицит со САД, додавајќи дека американските претставници очекуваат значително намалување на швајцарските царини за американските производи, како и намалување на нетарифните бариери. Според официјалните податоци од САД, Швајцарија имала трговски суфицит со САД од 38,3 милијарди долари во 2024 година.

Оваа бројка се зголеми на 55,7 милијарди долари до јули оваа година, првенствено одразувајќи го зголемувањето на американскиот увоз од Швајцарија во текот на првиот квартал, пред Трамп да ги воведе своите „реципрочни“ царини на почетокот на април.

globe

Слични новости

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје

Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони

Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони

Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков