Откако државниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе неотповиклива оставка, Собранието нема да го разгледува предлогот за разрешување на јавниот обвинител, информираше собранискиот спикер Африм Гаши.
„Со тоа, парламентот формално го утврди престанокот на неговата функција без да се отвори расправа по иницијативата“, рече Гаши.
Предходно јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, соопшти дека поднел неотповиклива оставка на својата функција, иако од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за неговото разрешување, што постојано беше наведувано како цел на Премиерот Христијан Мицкоски е политичка одлука.
Слични новости
Фетаи: Стратегиите против корупцијата бараат лидерство, имплементација и јавна доверба
Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи учествуваше на 11-тата сесија на Конференцијата на државите членки на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (COSP11), која се одржува во Доха
Фон дер Лајен: Европа не смее да зависи од туѓите ставови
Европа не смее да дозволи да биде одредена од туѓите погледи на светот, изјави во среда претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
Две лица опфатени со истрагата за свирепо убиство на жена во Гостивар
Осомничениот и осомничената, како соизвршители, во гостиварско Неготино, на свиреп начин ја лишиле од живот Хава Азизи од селото Здуње


