Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата Илијана Јотова.
Јотова минатата недела го назначи Андреј Ѓуров, заменик-гувернер на Бугарската национална банка, за шеф на привремена влада задолжена за подготовка на нови парламентарни избори. Тоа ќе бидат осми избори во последните пет години во Бугарија.
Бугарија, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари, се соочува со долгорочна политичка нестабилност со фрагментиран парламент кој не успеа да формира стабилни владини коалиции. На претстојните избори во Бугарија, според последните анкети, предност има новоформираната коалиција на поранешниот претседател Румен Радев.
Слични новости
Атентат врз руски генерал во Москва
Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.
Албанската влада ја укина забраната за Тикток
Албанската влада ја укина привремената забрана за Тикток, воведена пред единаесет месеци, според официјален документ на кабинетот на премиерот.
„Вашингтон пост“ отпушти повеќе од 300 новинари
Компанијата отпушти околу 30 отсто од сите свои вработени, вклучително и повеќе од 300 од околу 800 новинари во редакцијата.