Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата Илијана Јотова.

Јотова минатата недела го назначи Андреј Ѓуров, заменик-гувернер на Бугарската национална банка, за шеф на привремена влада задолжена за подготовка на нови парламентарни избори. Тоа ќе бидат осми избори во последните пет години во Бугарија.

Бугарија, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари, се соочува со долгорочна политичка нестабилност со фрагментиран парламент кој не успеа да формира стабилни владини коалиции. На претстојните избори во Бугарија, според последните анкети, предност има новоформираната коалиција на поранешниот претседател Румен Радев.

 

Слични новости

Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК

Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.

Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.