Фудбалерите на Париз Сен Жермен втора година по ред се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, откако синоќа во Минхен одиграа нерешено со Бајерн 1:1.

Во првиот меч ПСЖ на домашен терен славеше со 5:4 во спектакуларен меч.

ПСЖ поведе уште во 3. минута од натпреварот со голот на Дембеле, а израмнувањето за Баерн го донесе Хари Кејн во 4. минута од судиското надополнување.

ПСЖ кој минатата година го освои трофејот во ЛШ, на 30. мај во Будимпешта во финалето на ЛШ ќе игра против Арсенал кој во полуфиналето го елиминираше Атлетико Мадрид.

Слични новости

Дебакл на италијанскиот фудбал

Италија е на пат оваа сезона во Лигата на шампионите да доживее незапаметен дебакл, затоа што лесно може да се случи во осминафиналето да нема ниту еден претставник.