Фудбалерите на Париз Сен Жермен втора година по ред се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, откако синоќа во Минхен одиграа нерешено со Бајерн 1:1.

Во првиот меч ПСЖ на домашен терен славеше со 5:4 во спектакуларен меч.

ПСЖ поведе уште во 3. минута од натпреварот со голот на Дембеле, а израмнувањето за Баерн го донесе Хари Кејн во 4. минута од судиското надополнување.

ПСЖ кој минатата година го освои трофејот во ЛШ, на 30. мај во Будимпешта во финалето на ЛШ ќе игра против Арсенал кој во полуфиналето го елиминираше Атлетико Мадрид.

Слични новости

На Барцелона вечерва ќе и треба чудо во Мадрид за да се пласира во полуфиналето на ЛШ

На Барцелона вечерва ќе и треба чудо во Мадрид за да се пласира во полуфиналето на ЛШ

Откако Диего Симеоне го води Атлетикот Мадрид на клупата од 2014, Атлетико нема загубено меч на домашен терен во Лигата на шампиони. Последен пат Атлтико дома загубил во 1997 под водство на Радомир Антиќ.