Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина „во воздух, во море и во енергетската инфраструктура“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за весникот Le Figaro.

Британскиот премиер Кир Стармер објави во неделата пред состанокот за Украина во Лондон дека Париз и Лондон работат на „план“ за прекин на борбите.

Прекинот на огнот првично не би се однесувал на борбите на теренот бидејќи „би било многу тешко да се контролира прекинот на огнот“, бидејќи бојното поле е огромно и одговара на растојанието меѓу Париз и Будимпешта, објасни Макрон.

Можноста за распоредување на европските сили, во кои се подготвени да учествуваат Франција и Велика Британија, ќе се разгледува само во втората фаза, продолжи францускиот претседател.

„Во следните седмици нема да има европски сили на украинска територија“, изјави Макрон за Le Figaro.

„Прашањето е како ќе го искористиме тоа време и ќе се обидеме да постигнеме остварлив прекин на огнот, со преговори кои ќе траат неколку седмици, а потоа, откако ќе се потпише мирот, распоредување на силите“, додаде тој.

„Сакаме мир. Не го сакаме по секоја цена, без гаранции“, рече францускиот претседател.

Париз и Лондон се обидуваат да обезбедат американска заштита за своите сили, кои на крајот би биле испратени во Украина по мировниот договор, во форма на безбедносни гаранции што САД би му ги дале на Киев.

Париз и Лондон, исто така, се обидуваат повторно да воспостават дијалог меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, по нивниот спор во Овалната соба на Белата куќа во петокот, според француските власти.

Макрон рече дека Франција и другите европски земји мора да трошат повеќе за одбрана. Според проценката на LE Figaro тоа би можело да значи меѓу 3 и 3,5 отсто од БДП. Исто така, рече тој, Европската комисија мора да биде „поиновативна“ во финансирањето на одбраната.

globe

Слични новости

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада ќе им воведе на САД царини во вредност од 29,8 милијарди канадски долари почнувајќи од четврток наутро како одговор на царините што ги воведе Вашингтон за челик и алуминиум, изјави канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк

Трамп добил „позитивни пораки“ од Москва за примирјето во Украина

Трамп добил „позитивни пораки“ од Москва за примирјето во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека американски официјални претставници се упатуваат во Русија на разговори за американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот и за патот кон мировните преговори