Маж од Париз освои оригинална слика од шпанскиот сликар пабло Пикасо вредна повеќе од милион евра на хуманитарна лотарија за која билетот чинеше 100 евра.
Добитникот на лотаријата што ја организираше аукциската куќа „Кристи“ е 58 годишниот инженер и љубител на уметноста Ари Ходара, пренесе Би Би Си.
Организаторите соопштија дека на лотаријата биле продадени повеќе од 120.000 билети, со што се собрани 11 милиони евра за истражување на Алцхајмеровата болест.
Слични новости
Гитарскиот прозиводител Гибсон најави сензационална соработка со Кит Ричардс
На светскиот пазар ќе се појават само 50 примероци од Гибсонот 1960 со потпис на Кит Ричардс.
Прва медицинска евакуација на НАСА – поради астронаут на кој му е потребна лекарска нега
Астронаут на кој му е потребна лекарска нега ја напушти Меѓународната вселенска станица со тројца членови на екипажот, во првата медицинска евакуација на НАСА.
