Маж од Париз освои оригинална слика од шпанскиот сликар пабло Пикасо вредна повеќе од милион евра на хуманитарна лотарија за која билетот чинеше 100 евра.

Добитникот на лотаријата што ја организираше аукциската куќа „Кристи“ е 58 годишниот инженер и љубител на уметноста Ари Ходара, пренесе Би Би Си.

Организаторите соопштија дека на лотаријата биле продадени повеќе од 120.000 билети, со што се собрани 11 милиони евра за истражување на Алцхајмеровата болест.  

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.