Стриминг гигантот Нетфликс се откажа од натамошно наддавање за купување на едно од најголемите холивудски студиа Ворнер Брос и неговата огромна филмска архива.

„Ворнер брос“, кој лани објави дека е на продажба, кажа дека последната понуда на „Парамаунт“ е супериорна во споредба со онаа на „Нетфликс“, кој, пак, одби да ја зголеми својата понуда.

Извршните директори на Нетфликс изјавија дека нема да се обидат да ја надминат понудата на „Парамаунт“, велејќи дека договорот по таа цена веќе не е финансиски привлечен.

„Парамаунт“ пред неколку дена ја подобри својата понуда, нудејќи 31 долар за акција, додека „Нетфликс“ претходно понуди цена од 27,75 долари за акција.

„Парамаунт“ е на добар пат да ја преземе контролата врз легендарното филмско студио заедно со неговите филмови и медиумски мрежи, што би можело значајно да ги преобликува Холивуд и поширокиот медиумскиот пејзаж.

Со оваа зделка, „Парамаунт“ го добива и стриминг сервисот „ХБО макс“, како и информативната телевизија „Си-Ен-Ен“.

Слични новости

Објавена новата листа на милијардери, бројката поголема од минатата година

Објавена новата листа на милијардери, бројката поголема од минатата година

Бројот на милијардери ширум светот се искачи на рекордни 3.428, што е значителен скок во однос на минатогодишните 3.028. Вкупното богатство на луѓето на оваа листа се проценува на 20,1 трилиони долари, или четири трилиони повеќе од минатата година.