Стриминг гигантот Нетфликс се откажа од натамошно наддавање за купување на едно од најголемите холивудски студиа Ворнер Брос и неговата огромна филмска архива.

„Ворнер брос“, кој лани објави дека е на продажба, кажа дека последната понуда на „Парамаунт“ е супериорна во споредба со онаа на „Нетфликс“, кој, пак, одби да ја зголеми својата понуда.

Извршните директори на Нетфликс изјавија дека нема да се обидат да ја надминат понудата на „Парамаунт“, велејќи дека договорот по таа цена веќе не е финансиски привлечен.

„Парамаунт“ пред неколку дена ја подобри својата понуда, нудејќи 31 долар за акција, додека „Нетфликс“ претходно понуди цена од 27,75 долари за акција.

„Парамаунт“ е на добар пат да ја преземе контролата врз легендарното филмско студио заедно со неговите филмови и медиумски мрежи, што би можело значајно да ги преобликува Холивуд и поширокиот медиумскиот пејзаж.

Со оваа зделка, „Парамаунт“ го добива и стриминг сервисот „ХБО макс“, како и информативната телевизија „Си-Ен-Ен“.

Слични новости

САД ќе воведе царини за 60 земји, меѓу кои е и ЕУ

САД ќе воведе царини за 60 земји, меѓу кои е и ЕУ

Американската администрација најави воведување на дополнителни царини од 10 до 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ. Целта на новите царини, според објаснувањето од Вашингтон е да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија.

Мајската инфлација во Европа се забрза поради скокот на цените на енергентите

Мајската инфлација во Европа се забрза поради скокот на цените на енергентите

Годишната инфлација во еврозоната според прелиминарните проценки порасна во мај на 3,2 насто, од априлските 3 проценти. Ова е највиска стапка на инфлација од септември 2023 објави денеска Евростат.

Цените на нафтата растат поради нови ескалации во конфликтот на Блискиот Исток

Цените на нафтата растат поради нови ескалации во конфликтот на Блискиот Исток

Цените на нафтата денес скокнаа за повеќе од пет проценти, при што меѓународната референтна сурова нафта брент се движеше околу 96 долари за барел, а американската сурова нафта WTI на 94 долари за барел.