
Студиото Парамаунт се обидува да обезбеди врвен каст со оскаровците Леонардо ДиКаприо и Едријан Броди за биопикот што сака да го снима за моторџијата Евил Каневил познат по тоа што со моторот прелетуваше возила и кањони.
Ликот на Каневил би требало да го игра Ди Каприо, а Броди, кој штотуку доби Оскар за улогата во „Бруталист“, разговара со студиото за улогата на Шели Салтман, спортски промотер кој беше нападнат од Каневил со алуминиумска палка.
Режисер на филмот треба да биде Демијан Шазел, режисерот на филмот „Вавилон“. Шазел работеше на друг проект, но сега вниманието му е насочено кон биопикот, особено поради тоа што на проектот како сценарист му се приклучи Вилијам Монахан кој го напиша сценариото за филмот „Departed“ на Мартин Скорцесе во кој играше Леонардо ДиКаприо.
Слични новости
Метју Модин прифати улога во новиот филм за Годзила и Кинг Конг
Познатиот актер Метју Модин постигнал договор со студиото Леџендари за да глуми во новиот филм за Годзила и Кинг Конг, чие снимање почнува во април во Австралија.
Карлсен ги продаде контроверзните фармерки за 36.100 долари
Поранешниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, на eBay ги продаде своите фармерки, со кои му беше забрането да игра на Светското првенство во брз шах во декември, за 36.100 долари
Слаба посетеност на кината во Америка и покрај тоа што е недела на Оскарите
Главна причина за овој феномен е што повеќето филмови кои беа номинирани за Оскар публиката може да ги гледа од дома на некоја од стриминг платформите.