Парамаунт скајденс ќе ги спои платформите на Парамаунт плус и ХБО макс во еден стриминг сервис, изјави директорот на компанијата Дејвид Елисон. „Планираме да ги споиме двата сервиса, што денеска претставува нешто повеќе од 200 милиони претплатници“ ја пренесе Вашингтон пост изјавата на директорот на Парамаунт.

Спогодбата со која Парамаунт го купи Ворнер брос, вклучувајќи ја и стриминг платформата ХБО макс беше одобрена од администрацијата на Трамп, а до реализацијата на договорот дојде откако главниот конкурент на Парамаунт Нетфликс, се откажа од натамошно наддавање за купување на студиото Ворнер.

Сепак продажбата на Воренр од 110 милијарди долари со која се спојуваат голем дела на компании од филмската, стриминг и новинската инудстрија, ќе го привлече вниманието на американските регулатори, кои е можно да издадат ограничувања.  

Слични новости

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Продуцентите на серијата „Lowdown“ во кастот на втората сезона го додадоа Оскаровецот Томи Ли Џонс, кој ќе им се придружи на Итан Хоук и Бети Гилпин. Засега не се објавуваат детали за ликот на Томи Ли Џонс во серијата.