Папата Лео 14 кој е роден во Чикаго и е првиот Американец што стана поглавар на Римокатоличката црква, во недела ќе има специјална аудиенција на А листа филмски уметници кои го претставуваат Холивуд.
На листата се актерите Кејт Бланшет, Крис Пајн, Виго Мортенсен, Алисон Бри, Дејв Франко и Моника Белучи. Режисерите ги претставуваат оскаровците Спајк Ли, Џорџ Милер, Џузепе Торнаторе и Гас Ван Сант.
Самитот Холивуд -Ватикан е е дел од програмата на католичката црква за продлабочување на дијалогот со светот на кинематографијата, на која ќе се разгледаат можностите уметничката креативност да ја нагласи мисијата на црквата и да ги промовира хуманистичките вредности.
Во чест на настанот Ватикан пушти во оптек видео со Папата Лео 14 во кое тој ги именува неговите 4 омилени филмови: „Прекрасен живот“ на Френк Капра од 1946, „Звукот на музиката“ на Роберт Вајс од 1965, „Обични луѓе“ на Роберт Редфорд од 1980 и „Животот е прекрасен“ на Роберто Бењини од 1997.
Настанот е дел од поширокиот напор на Ватикан да се вклучи во современата поп култура. Минатата недела Папата Лео имаше приватна аудиенција за холивудскиот актер Роберт Де Ниро.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


