Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, им кажа на група водечки холивудски актери и режисери на аудиенција во Ватикан во саботата дека кината се борат да преживеат и дека треба да се направи повеќе за да се заштитат и да се зачува заедничкото искуство на гледање филмови.
Меѓу присутните беа филмските ѕвезди Кејт Бланшет, Моника Белучи, Крис Пајн и добитникот на Оскар, Спајк Ли.
Лав, првиот американски папа, рече дека киното е витална „работилница на надеждта“ во време на глобална неизвесност и дигитално преоптоварување.
„Кинате доживуваат загрижувачки пад, а многу се отстранети од градовите… Сè повеќе луѓе велат дека уметноста на филмот и кинематографските искуства се во опасност. Ги повикувам институциите да не се откажуваат, туку да соработуваат во афирмирањето на социјалната и културната вредност на оваа активност“, рече папата
Приходите од кино благајните во многу земји остануваат далеку под нивоата пред пандемијата на ковид-19, а мултиплексите во САД и Канада штотуку го доживеаја своето најлошо лето од 1981 година, не сметајќи ја пандемијата.
Пред средбата во сабота, Ватикан објави четири листи со омилени филмови на папата: семејниот мјузикл на Роберт Вајс „Моите песни, моите соништа“, емотивниот филм на Френк Капра „Тоа е прекрасен живот“, трогателниот „Обични луѓе“ на Роберт Редфорд и сентименталната драма од Втората светска војна „Животот е прекрасен“ на Роберто Бенињи.
Слични новости
Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот
Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.
Зоотопиа 2 се приближува до заработка од една милијарда долари
Анимацискиот феномен на студиото Волт Дизни „Зоотопиа 2“ надвор од САД стана најсупешниот филм оваа година со заработка од дури 695,3 милиони долари за две недели прикажување.
Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис
Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.


