Папата Франциско беше отпуштен од болницата Џемели во Рим во неделата по повеќе од пет седмици хоспитализација поради двојна пневмонија.

„Ви благодарам на сите“, рече тој со тивок глас за време на краткото појавување во инвалидска количка на балконот на болницата Џемели пред да биде отпуштен од болница.

Папата Франциско, кој има 88 години, беше хоспитализиран на 14 февруари поради тешка респираторна инфекција.Тоа е неговата најсериозна здравствена криза за време на неговото дванаесетгодишно папство.

Лекарите на папата во саботата рекоа дека ќе му треба „многу повеќе време“ за целосно да закрепне и му наредија да помине дополнителни два месеци одмарајќи се во Ватикан.

Автомобилот во кој се наоѓаше папата Франциско ја напушти болницата во неделата рано попладнето, придружуван низ Рим од конвој полициски возила.

Папата Франциско во неделата повика на „итно“ запирање на израелските напади врз Појасот Газа, како и продолжување на дијалогот за да се постигне ослободување на „сите заложници“ и „дефинитивен прекин на огнот“.

„Тажен сум поради обновувањето на интензивното израелско бомбардирање на Појасот Газа, кое предизвика толку многу смртни случаи и повреди“, напиша папата Франциско во својата неделна молитва Ангел Господов.

Франциско ги повика и Ерменија и Азербејџан да го потпишат неодамна преговараниот мировен договор „што е можно поскоро“ по децении конфликт.

globe

Слични новости

ОН ќе бидат вклучени во американско-руските преговори за Украина

ОН ќе бидат вклучени во американско-руските преговори за Украина

Разговорите меѓу Русија и САД беа предизвикувачки но полезни, а Обединетите нации и другите земји ќе бидат вклучени во дополнителни дискусии, изјавил за агенцијата ТАСС член на руската делегација на разговорите