Меѓународната заедница треба да истражи дали Израел врши геноцид во Газа, напиша полаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск во новата книга, чиј извадок во неделата објави италијански весник.

„Според некои експерти, она што се случува во Газа има карактеристики на геноцид“, тврди папата во книгата ‘Надеждта никогаш не разочарува: Аџии за подобар свет’, која ќе биде објавена за Светата година или Јубилејот 2025 година и извадоци од неа се објавени во неделата во весникот La Stampa.

„Треба внимателно да се истражи за да се утврди дали тоа одговара на техничката дефиниција формулирана од правниите и меѓународните организации“, додава папата.

Книгата ќе биде достапна од вторник во Италија, Шпанија и Латинска Америка, а потоа ќе излезе во разни други земји.

Папата редовно го споменува истребувањето на Евреите за време на Втората светска војна, геноцидот на Ерменците и Тутсите или на христијаните на Блискиот исток.

Франциск често жали за цивилните жртви во Газа, но ова е првпат јавно да го користи терминот геноцид во контекст на израелските воени операции на палестинска територија.

Во четвртокот, специјалната комисија на Обединетите нации објави извештај во кој утврди дека методите на војување што ги користи Израел „соодветствуваат на карактеристиките на геноцидот“.

Извештајот на овој специјален комитет на ОН, формиран во 1968 година и одговорен за следење на израелските акции на окупираните палестински територии, треба да биде претставен во понеделник пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Неговите заклучоци веќе беа осудени од САД.

Ова не е првпат Израел да биде предмет на вакви обвинувања од почетокот на војната пред повеќе од една година.

Јужна Африка започна постапка пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), на кој се приклучија неколку земји, вклучувајќи ги Турција, Шпанија и Мексико.

Израелските операции на палестинските територии оставија повеќе од 43.000 мртви, од кои три четвртнин се цивили и тоа главно деца и жени, се вели во најновиот извештај на палестинските власти објавен во неделата.

Израелската операција беше покрената како одмазда за масакрот и киднапирањето на вкупно 1.206 лица во Израел од страна на членовите на Хамас на 7 октомври.

Папата Франциск во своите обраќања повикува на враќање на сите израелски заложници. Во четвртокот, тој прими во Ватикан група од 16 поранешни заложници ослободени по повеќемесечно заробеништво во Газа.

globe

Слични новости

Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета кон Украина

Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета кон Украина

Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета од јужниот регион Астрахан за време на утринскиот напад врз Украина во четвртокот, тврдат киевските воздухопловни сили, што би било првпат Русија да употреби толку моќна ракета со долг дострел за време на војната

Захарова: Појавата на НАТО сили во Украина би значел почеток на војната на Алијансата со Русија

Захарова: Појавата на НАТО сили во Украина би значел почеток на војната на Алијансата со Русија

Можеби тие не разбираат, но појавата на НАТО контингенти на територијата на Украина ќе значи дирекнто влегување на алијансата во војна против Русија, за што повеќе пати ги предупредивме“, рече Захарова.

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот бразилски колега по должност и домаќин Луис Инасио Лула да Силва во средата ги подигнаа дипломатските односи на повисоко ниво и склучија договори за инфраструктурата, енергијате и земјоделството, зацврстувајќи ги врските меѓу двете најголеми светски економии во развој