Министерот за енергетика и животна средина на Грција Ставрос Папаставру, изјави дека се проширува вертикалниот коридор на гасоводот со Македонија и Србија, што и дава на Грција геополитичка стабилност.

Тој рече дека е постигнат договор природниот гас да оди за Македонија, а оттаму и за Србија и дека се очекува прокетот за гасоводот да заврши за една година. Грчкиот министер најави дека првично низ гасоводот ќе минуваат една милијарда кубни метри природен гас.

Вчера во Атина се одржа состанок за гасоводите кои од Грција одат кон маедонија, Бугарија и Србија со учество на министрите за енергетика на Македонија и Србија Сања Божиновска и Дубравка Хандановиќ и заменик министерот за енергетика на Бугарија Кирил Темелков.  

 

Слични новости

Пожарот во Визбегово е сеуште активен

Пожарот во Визбегово е сеуште активен

Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи. На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање.