Рома би можела во јануарскиот преоден рок да остане без играчот за врска, аргентинскиот репрезентативец Паоло Дибала.

Според пишувањето на италијанските медиуми, тој не е омилен кај тренерот Џанпјеро Гасперини и во јануари ќе го напушти Рим и ќе се врати во Аргентина.

Најзаинтересирана за Дубала е Бока јуниорс, а и самиот Дибала сака да игра за славниот клуб на еден од најпознатите стадиони во светот „Бонбоњера“.

Во трансферот важна улога има и соиграчот од репрезентацијата на Дибала Леандро Паредес кој игра за Бока кој сака Дибала да му се придружи во тимот.

Договорот на Дибала со Рома трае до 30. јануари 2026 и нема сигнали дека Рома сака да го продолжи, па заминувањето на Дибала изгледа многу веројатно.

Слични новости

Орландо со пресврт против Мајами

Орландо со пресврт против Мајами

Орландо Меџик и Њујорк Никс се тимовите кои ќе се борат за место во Источната конференција во финалето на НБА Купот, откако ги победија Мајами Хит и Торонто Репторс во четвртфиналето