Откако не влезе во трката за Државен јавен обвинител и не доби зелено светло од Советот на јавни обвинители, кандидатот  Владимир Панчевски,  преку соопштение на Фејсбук напиша дека ќе им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба на членовите на Советот. 

Селективната правда нема да престане, а процедурата ќе се истурка како “секое чудо за три дена”, за скоро ќе се избере нов Јавен обвинител и се ќе биде, како до сега! Криењето зад советот со вакво небулозно оправдување дека сум немал стаж е уште еден срам кој историјата ќе го запише, напиша Панчевски на ФБ.

Тој беше  дисквалификуван од Советот на јавни обвинители поради немање најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право, како што пропишува Законот за јавно обвинителство.

Слични новости

Обвинителството поднесе кривични пријави за сопствениците на АСД метал груп, одговорни за пожарот во Визбегово

Обвинителството поднесе кривични пријави за сопствениците на АСД метал груп, одговорни за пожарот во Визбегово

Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против три лица, директорката на АСД метал груп, неформалниот сопственик на компанијата и уште едно лице. Обвинителството ги товари за Загрозување на животната средина и природа со отпад, дело за кое може да добијат до 10 години затвор.