Откако не влезе во трката за Државен јавен обвинител и не доби зелено светло од Советот на јавни обвинители, кандидатот Владимир Панчевски, преку соопштение на Фејсбук напиша дека ќе им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба на членовите на Советот.
Селективната правда нема да престане, а процедурата ќе се истурка како “секое чудо за три дена”, за скоро ќе се избере нов Јавен обвинител и се ќе биде, како до сега! Криењето зад советот со вакво небулозно оправдување дека сум немал стаж е уште еден срам кој историјата ќе го запише, напиша Панчевски на ФБ.
Тој беше дисквалификуван од Советот на јавни обвинители поради немање најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право, како што пропишува Законот за јавно обвинителство.
Слични новости
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.


