Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на почетокот од денешното судење побара изземање на јавните обвинителки во процесот, Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитриевска и шефот на ОЈО Скопје, јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
Причините поради кои Палевски бара изземање, се, како што рече, злоупотреба на дејствувањето и непристрасност.
-Нова околност за изземање на јавните обвинители е фалсификување податоци за да можат да изготват фалсификуван доказ под реден број 180, телефонска анализа од 13.5.2024, а со цел нивниот сведок Ерол Османи под заклетва пред судот да лаже, рече Палчо.

Тврдеше дека во моментот кога сведокот тврдел дека тој поправал котел, бил во живо на поткаст.
Тој до судот достави Извештај од македонски Телеком и базни станици со вкупно 120 страни за период од 10.9.2023 до 10.12.2023 преку кои посочи дека не постојат податоци за базни станици за неговиот телефон.
-Зошто на ОЈО Скопје се спорни само моите податоци и зошто ОЈО Скопје брише и манипулира податоци, рече тој.
Најважниот доказ кој покажува зошто се бришани и манипулирани неговите базни станици на 28.11.2023, како што рече, е тоа што после поткастот во најголемата сообраќајна гужва тој е во Фиат Добло во правец на Автокоманда.
„Таму постои комуникација со мојата ќерка каде може да видите дека во 14:55 минути после поткастот праќам порака доцнам 5 минути. Во оваа комуникација користам 5Г интернет, со што не постои во извештајот“, дополни тој.
Судењето продолжи со изведување на материјални докази кои што биле најдени на местото на убиствата како и извештаи од анализа на комуникациските уреди на Палевски.
Претходно, Обвинителството презентираше видео материјали на кои беше воочено движењето на возилата со кои била грабната Вања.
За случајот се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски кои се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.
Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
Слични новости
Филипче: заканите на премиерот за протести се оксиморон
Заканите на премиерот дека ќе се случел народ на судството е порака дека тој признава судство само по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту...
Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ најави дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе се стави крај на криминалот на Пуцко Петрол
Пуцко Петрол 30 години имал статус на бела мечка во македонското општество, дозволено му било преку тендери да внесува што сака и како сака. Сега, во време на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се стави крај на неговото криминогено однесување, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Асмир Јахоски од синоќа во затворот во Шутка, откако Кривичниот суд ја прифати жалбата на обвинителкството
Откако обвинителството се жалеше на куќниот притвор Кривичниот суд вчера на јавна седница ја преиначи одлуката и му додели притвор на Јахоски кој веќе е обезбеден од органите на прогон и се наоѓа во затворот во Шуто оризари.