Вооружени сепаратисти зедоа 182 заложници, вклучително и војници, откако во вторникот нападнаа воз во југозападен Пакистан, заканувајќи се дека ќе ги убијат доколку безбедносните сили не ја напуштат областа.

Возот, кој превезувал околу 400 патници, останал заробен во тунел, а машиновозачот бил тешко повреден, според локалните власти, полицијата и претставници на пакистанската железница. Ниту еден од нив досега не го потврди извештајот на Ослободителната војска на Балуџистан (BLA) за земање заложници.

Безбедносните сили соопштија дека се слушнала експлозија во близина на тунелот и дека имало размена на оган со милитантите во планинската област. BLA бара независност за провинцијата Белучистан, која се граничи со Авганистан и Иран, а нејзините членови рекоа дека досега убиле 20 војници и собориле беспилотно летало. Пакистанските власти не ја потврдија оваа информација.

 

Групата, исто така, објави дека зела 182 заложници од возот, вклучително и членови на пакистанската армија и други безбедносни службеници кои патувале на одмор.

Во соопштението испратено до новинарите преку е-пошта од BLA и објавено на Telegram се вели дека „цивилите, особено жените, децата, старите лица и граѓаните на Балучистан се пуштени на безбедно“ и дека им е „гарантирана безбедна рута“. Но, милитантите предупредуваат дека доколку продолжи воената интервенција, „сите заложници ќе бидат егзекутирани“.

Возот „Jaffar Express“ сообраќал на линијата од главниот град на Белуџистан – Квета, до Пешавар во моментот кога било пукано во него. Пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мохсин Накви, го осуди нападот и рече дека владата нема да направи никакви отстапки за „ѕверовите кои пукаат во невини патници“.

Владата на Белуџистан воведе итни мерки за решавање на ситуацијата, рече портпаролот Шахид Ринд, без да даде дополнителни детали.

Ослободителната војска на Балуџистан (BLA) е најголемата од неколкуте бунтовнички групи кои се во конфликт со владата со децении. Тие тврдат дека владата неправедно ги искористува богатите гасови и минерални ресурси на Белуџистан. Во такви конфликти, вообичаени се нападите врз владините, воените и кинеските интереси во регионот.

 

globe

Слични новости

Фон дер Лајен: Урнати се илузиите за европската безбедност

Фон дер Лајен: Урнати се илузиите за европската безбедност

Илузиите за безбедноста на Европа се урнати и Европската унија мора веднаш да почне да инвестира значително повеќе во својата одбрана, изјави во вторникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето пред Европскиот парламент

Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк

Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк

Новинарите во Грција, организирани од Грчката федерација на новинарски асоцијации во која учествуваат сите новинарски здруженија, од пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии