Цените на енергентите на европските и светските берзи денеска забележаа пад и цената на сировата нафта Брент падна на околу 103 долари за барел, додека европскиот природен гас падна на 77 евра за мегават-час.

Цената на американската нафта ВТИ во моментов изнесува околу 100 долари за барел.

Истовремено, европските берзнаски индекси бележат раст. Англискиот ФТСЕ е во плус за 0,40, исто колку и германскиот ДАКС, додека францускиот ЦАЦ порасна за 0,21 насто.

Пораст забележаа и американските берзански индекси. Дау Џонс порасна за 0,75 насто, а СиП за 0,80 насто.

Слични новости

Американските акции паднаа откако ФЕД изрази загриженост поради движењата на инфлацијата

Претседателот на ФЕД изјави дека најновите податоци за индексот на цените на личната потрошувачка и на цените на потрошувачката се нешто подобри од очекувањата, но дека не укажуваат на значително подобрување на инфлаторните трендови.