Германската индустриска компанија „Сименс“ денска објави дека нејзиниот нето профит во првиот квартал на 2026 падна за 8 насто меѓугодишно на 2,2 милијарди евра. Сепак, менаџментот на компанијата го задржа оптимизмот и прогнозите за 2026.

Оптимизмот за опоравување Сименс го базира со засилената побарувачка во индустриската автоматизација и опремата за дигитално производство, по период на послаба побарувачка и вишок на залихи кај клиентите.

Управата на компанијата наведува дека работењето на Сименс е стабилно и покрај исклучително турбулентното геополитичко опкружување и дека во такви услови нето добивка од 2,2 милијарди евра по еден квартал е успех.

 

Слични новости