Прометот на македонската берза во септември изнесувал 402,3 милиони денари и бележи пад од 9,76 насто. Пазарната капитализација , пак, забележала пад од 2,35 насто.

Најголем пораст на македонската берза за септември забележала акцијата на Уни банка од 12,63 насто. Акцијата на Адинг е зголемена за 5,42 насто, а акцијата на ТТК банка порасна за 2,63 насто.

Најголем пад на вредноста на акциите забележа Титан УСЈЕ од 7,79 насто. Вредноста на акциите на Титан се намали за 3.8000 денари и од 48,500 падна на 45 000 денари.

Пад на акциите во септември забележа и Алкалоид со намалување на вредноста на акциите за 7,27 насто, за разлика од претходниот месец кога забележа пораст од 3,99 насто.

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава