Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во февруари 2026 година е намалено за 4,2% во однос на истиот месец минатата година.
Падот не е рамномерно распределен, туку најсилно се чувствува во одделни сектори и производни гранки.
Најзначајно намалување е забележано во секторот Рударство и вадење камен, каде падот изнесува 9,6%, додека Преработувачката индустрија бележи опаѓање од 1,9%, а секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација доживеал пад од 17,2%.
Анализата по главни индустриски групи покажува дека падот најмногу се чувствува кај секторите Енергија – 19%, Трајни производи за широка потрошувачка – 12% и Нетрајни производи за широка потрошувачка
Слични новости
Радио Слободна Европа на македонски јазик престанува со работа на 31 март
Радио Слободна Европа ги затвора бројните подружници низ светот откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го укина финансирањето на медиумските проекти надвор од САД.
Продолжува судењето за трагедијата во Кочани
Во судницата во Идризово продолжува судењето за случајот Пулс. Ќе се сослушуваат тројца сведоци предложени од Јавното обвинителство – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од Општина Кочани.
Поднесено обвинение против три лица за кражба на кабли од кругот на „Железара“
Скопското Основно јавно обвинителство поднело обвинителен акт против три лица кои како соизвршители минатата година на почетокот на мај украле кабли од кругот на фабриката „Железара“ во Скопје.


