Индексот на Франкфуртската берза ДАКС денеска падна за 0,25 насто, францускиот ЦАЦ падна за 0,29 насто, додека Лондонскиот ФТСЕ порасна за 0,76 насто.

Новите напади ги загрижија инвеститорите пред отварањето на американскуте берзи, иако претседателот на САД изјави дека „преговорите со Иран убаво напредуваат“.

Американските берзански индекси во петокот на затварањето на берзата беа во пораст од 0,68 насто, НАСДАК за 0,19 насто, а С и П 500 за 0,37 насто. Берзите во САД ќе отворат денеска по тридневна пауза, поради празникот на „денот на сеќавањето“

Цената на златото денесдка е во пад и изнесува 4.532 долари за една унца, а вредноста на доларот во однос на еврото изнесува 1,16.

 

Слични новости

САД привремено дозволија да се купува руска нафта

Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.