Цените на акциите паднаа на европските берзи во четврток во претпладневното тргување поради зголемените тензии на Блискиот исток, а инвеститорите не беа охрабрени од олеснувањето на роковите за трговски договори од страна на Вашингтон.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,4 отсто во првиот претпладневен пресек од тргувањето. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,01 отсто на 8.865 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,73 отсто, на 23.775 поени, а парискиот CAC 40 се лизна за 0,50 отсто на 7.736 поени.
Инвеститорите се претпазливи поради зголемените тензии на Блискиот исток, по предупредувањето на иранскиот министер за одбрана дека Иран ќе ги цели американските бази доколу поради неуспехот на нуклеарните преговори се остварат заканите на САД за напад врз постројки во Иран. Американската амбасада во Ирак е делумно евакуирана поради безбедносни закани, бешео објавено во средата доцна вечерта.

Затоа, инвеститорите не беа охрабрени од пораката на Трамп дека можеби ќе го продолжи рокот за преговори со оние трговски партнери кои покажуваат добра волја за постигнување договор. Во април, Трамп прво воведе, а потоа ја одложи примената на царини за увоз од многу земји до 8 јули, до кога очекуваше да се постигне договор.
За околу една седмица Трамп ќе испрати писмо до трговските партнери со американските услови, и во зависност од одговорите на партнерите, царините ќе стапат на сила или ќе бидат дополнително одложени.
Тргувањето е претпазливо и на азиските берзи. Индексот MSCI Азиско-пацифички пазар падна за 0,3 проценти во истиот временски пресек како и во Европа, откако вчера го достигна највисокото ниво за три години. Цените на акциите во Австралија, Хонгконг и Јапонија паднаа меѓу 0,3 и 0,9 отсто, додека во Шангај и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 0,5 проценти.
Инвеститорите се претпазливи, иако претставниците на САД и Кина постигнаа трговски договор вчера по дводневниот состанок во Лондон.
„Нашиот договор со Кина е склучен, сè уште треба конечно одобрение од претседателот Си и мене“, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Truth Social. Тој, исто така, истакна дека Кина ќе ги укине ограничувањата за трговија со ретки метали. „Нашите царини ќе бидат 55 а кинеските 10 отсто“, рече Трамп.
Но, тоа не предизвика еуфорија на пазарите, бидејќи, како што велат аналитичарите, многу детали за тоа како ќе се спроведува договорот сè уште се нејасни.
„Договорот меѓу САД и Кина ги остава царините на нивоата што беа по швајцарскиот договор, така што тој воопшто не ја менува моменталната ситуација. Фундаментално, трговските тензии меѓу САД и Кина сè уште не се решени“, вели Шејн Оливер, економист во „AMP Capital“.
Слични новости
ЕСВ не е загрижена за зајакнувањето на еврото, векли Де Гиндос
Зајакнувањето на еврото во однос на американскиот долар имаше „позитивно“ влијание врз ограничувањето на инфлацијата во еврозоната, изјави потпретседателот на Европската централна банка (ЕСВ), Луис де Гиндос
Цените на нафтата под 72 долари
Цените на нафтата паднаа под 72 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи инвеститорите пронајдоа светла точка во непреченото поминување на енергенсите низ Ормутскиот теснец по израелскиот напад врз Иран и иранскиот одговор, како и написот на The Wall Street Journal (WSJ) дека Техеран наводно сигнализирал подготвеност за преговори
Европското индустриско производство се намали во април
Индустриското производство во еврозоната и Европската унија се намали во април првпат од крајот на минатата година