Европските берзи паднаа втор ден по ред во петокот претпладнето, бидејќи инвеститорите стравуваа од трговска војна, а американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тгувањето беше во минус од 0,6 отсто, слабеејќи втор ден по ред. Претпладнето лондонскиот FTSE индекс се намали за 0,33 отсто, на 8.727 поени, додека франкфуртски DAX за 0,84 отсто, на 22.360 поени, а париски CAC за 0,73 отсто, на 8.045 поени.

Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. MSCI индексот на азиските акции беше во минус за повеќе од 1,5 отсто во во истиот момент како и во Европа. Јапонскиот индекс Nikkei потона за 2,9 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа меѓу 1,2 и 3,4 отсто.

Остриот пад на берзите уследи по вчерашната порака на Трамп дека следната седмица ќе стапат на сила царините од 25 отсто за увозот од Канада и Мексико. Тој најави и нови царини од 10 отсто за увозот од Кина, иако веќе пред еден месец беа воведени царини од 10 отсто.

Ова е причината зошто инвеститорите стравуваат од трговска војна. Особено што на почетокот на неделата Трамп изјави дека наскоро би можел да воведе царини од 25 отсто на увозот од Европската унија, на што Европската комисија најави брз и одлучен одговор.

Доколку продолжи таквата цаинска војна, тоа негативно ќе влијае на меѓународната трговија и на целата глобална економија. Така, берзите го следат вчерашниот пад на Волстрит, кога индексот Dow Jones падна за 0,45 отсто, додека S&P 500 потона 1,59 отсто, а Nasdaq индексот 2,78 отсто.

globe

Слични новости

Нафтата поскапе кон 70 долари

Нафтата поскапе кон 70 долари

Цените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари до 70 долари, бидејќи послабиот американски долар ја поддржа побарувачката, засенувајќи ги стравувањата дека бранот царини може да предизвика рецесија во САД

Благ раст на доларот, ценате на нафтата стагнира

Благ раст на доларот, ценате на нафтата стагнира

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути благо се зголеми во претпладневното тргување во вторникот, но и натаму се движи недалеку од најниското ниво во последните четири месеци