На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути малку се зголеми во вторникот утрото, но од почетокот на годината индексот на доларот е намален за 9,6 отсто.

Падот на доларот оваа година се должи на намалувањето на каматните стапки од страна на американската централна банка, стеснувањето на разликата меѓу каматните стапки на доларот и другите главни валути, политичката неизвесност и загриженоста на инвеститорите за фискалниот дефицит.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,03 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 97,95 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 156,15 на 156,05 јени.

Американската валута ослабе и во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1775 долари, додека вчера во истиот прериод чинеше 1,1760 долари.

Еврото зајакна за 13,7 проценти во однос на доларот од почетокот на годината.

Од друга страна, цените на нафтата паднаа по вчерашниот силен раст. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово се лизна за 0,30 отсто, на 61,75 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,36 отсто, на 57,90 долари.

Досега оваа година, цените на нафтата паднаа за повеќе од 15 проценти.

globe

Слични новости

Компанијата на Доналд Трамп ќе гради небодер во Австралија вреден 900 милиони евра

Компанијата на Доналд Трамп ќе гради небодер во Австралија вреден 900 милиони евра

Американската компанија во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор за изгардба на својот прв небодер во Австралија вреден 1,5 милијарди австралијански долари или 900 милиони американски долари.

Кина ги повика САД да ги укинат едностраните царини

Кина ги повика САД да ги укинат едностраните царини

Кинеското министрство за трговија соопшти дека врши „целосна проценка“ на пресудата со која Врховниот суд на Соединетите Американси Држави минатата недела ги укина царините што САД ги воведоа за голем број на земји

Кина ги надмина САД како главен трговски партнер на Германија

Кина ги надмина САД како главен трговски партнер на Германија

Кина ги претекна САД како главен трговски партнер на Германија, покажуваат податоците на германскиот Сојузен завод за статистика, додека канцеларот Фридрих Мерц се подготвува за првата посета на Пекинг од стапувањето на должноста