На валутните пазари во раното тргување во вторникот падна вредноста на америакнскиот долар во однос на кошницата валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 108,90 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 109,65 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,55 на 155,25 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0290 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0240 долари.

Цените на нафтата, пак, остро паднаа откако Вашингтон го одложи воведувањето царини за Мексико и Канада. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 1,08 отсто, на 75,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1,70 отсто, на 71,90 долари.

globe

Слични новости

Цената на нафтата се одржува под 76 долари

Цената на нафтата се одржува под 76 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во понеделникот на меѓународните пазари под 76 долари, откако САД и Мексико најавија разговори непосредно пред планираното воведување царини, намалувајќи ги стравувањата од прекини во снабдувањето