Акциите на американската берза имаат неизедначени резултати.

Почетниот оптимизам на инвеститорите поради поевтинувањето на цената на нафтата по смирувањето на тензиите на Блискиот исток беше неутрализиран со наглиот пад на акциите на компаниите што произведуваат чипови.

Технолошкиот НАСДАК забележа пад од 0,5 насто, додека берзанскиот Дау Џоунс порасна за 138 поени, односно за 0,3 насто.

Од друга страна европските индекси на берзите денеска се главно во пораст.

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно