Берзанските индекси паднаа на Волстрит во четвртокот, бидејќи проблемите во регионалните банки во САД дополнително ги вознемирија инвеститорите кои веќе беа нервозни поради трговските тензии меѓу САД и Кина.

Индексот Dow Jones изгуби 0,65 отсто, на 45.952 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,63 отсто, на 6.629 поени, а индексот Nasdaq изгуби 0,47 отсто, на 22.562 поени.

Акциите на регионалните банки беа најмногу под притисок вчера.

Акциите на „Zions Bancorporation“ паднаа за 13 отсто откако регионалната банка објави загуба од 50 милиони долари во третиот квартал, што дополнително ги зголеми загриженостите на инвеститорите за скриени кедитни проблеми, додека банките се справуваат со економската неизвесност и сè уште релативно високите каматни стапки.

Акциите на банката „Western Alliance“ паднаа за повеќе од 10 отсто откако компанијата соопшти дека поднела тужба за измама против еден од своите клиенти.

Финансискиот индекс падна за 2,75 отсто.

„Некои регионални банки и финансиски институции кои се особено чувствителни на кредитот забележаа остар пад на нивните акции. Квалитетот на кредитот може да се влошува“, вели Чак Карлсон, аналитичар во компанијата „Horizon Investment Services“.

Инвеститорите, исто така, ги следеа случувањата меѓу Вашингтон и Пекинг, бидејќи трговските тензии меѓу двете најголеми економии во светот продолжуваат да ескалираат.

Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе 100% царини за Кина почнувајќи од 1 ноември, меѓу другите мерки, откако Кина го ограничи извозот на минерали од ретки земји.

„Со продлабочувањето на неизвесноста околу трговијата меѓу САД и Кина, засилената реторика и што тоа би можело да значи за економијата и пазарите, мислам дека сето тоа придонесува за нестабилноста на пазарот“, рече Том Хејнлин, стратег во „ U.S. Bank Wealth Management“.

А на европските берзи, цените на акциите пораснаа вчера. Лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,12 отсто, на 9.436 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,38 отсто, на 24.272 поени, а париски CAC се зголеми за 1,38 отсто, на 8.188 поени.

globe

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица