Ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран повторно ги потресе глобалните финансиски пазари, при што цената на нафтата нагло порасна, акциите забележаа висок пад, а инвеститорите се насочија кон безбедни засолништа како американскиот долар и благородните метали.
Загриженоста околу безбедноста на транспортот низ Ормутскиот теснец, клучен коридор за глобалното снабдување со енергенси, продолжува да врши силен притисок врз енергетските пазари.
Негативното расположение се прелеа и на светските берзи. Најширокиот „MSCI“ индекс на акции во Азиско-пацифичкиот регион без Јапонија падна за 1,8 проценти, додека јужнокорејскиот „KOSPI“ загуби 2,7 проценти. Фјучерсите на американските индекси „S&P 500“ и „Nasdaq“ исто така, беа во негатива сигнализирајќи претпазлив почеток на тргувањето на Волстрит.
Слични новости
Голдман сакс ја намали проценката за цената на нафтата за вториот квартал
Новата проценка изнесува околу 90 долари за барел од референтната нафта Брент, што е драстично намалување во однос на претходната прогноза дека барел Брент ќе чини 99 долари.
Нафтата повторно скокна по тензиите на Блискиот исток
Европските индекси денес се претежно во црвено, а цената на нафтата повторно се искачи на повеќе од 97 долари за барел по новите тензии на Блискиот Исток.
ФЕД очекува раст на инфлацијата од 3,4 насто, што е најголемо ниво годинава
Очекувањата за инфлацијата во Америка за следната година пораснаа на 3,4 насто во март, што е најмногу до сега годинава, објавија американските Федерални резерви.


