Ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран повторно ги потресе глобалните финансиски пазари, при што цената на нафтата нагло порасна, акциите забележаа висок пад, а инвеститорите се насочија кон безбедни засолништа како американскиот долар и благородните метали.
Загриженоста околу безбедноста на транспортот низ Ормутскиот теснец, клучен коридор за глобалното снабдување со енергенси, продолжува да врши силен притисок врз енергетските пазари.
Негативното расположение се прелеа и на светските берзи. Најширокиот „MSCI“ индекс на акции во Азиско-пацифичкиот регион без Јапонија падна за 1,8 проценти, додека јужнокорејскиот „KOSPI“ загуби 2,7 проценти. Фјучерсите на американските индекси „S&P 500“ и „Nasdaq“ исто така, беа во негатива сигнализирајќи претпазлив почеток на тргувањето на Волстрит.
Слични новости
Цената на сировата нафта околу 99 долари за барел
Фјучерсите на американската сирова нафта денеска пораснаа на 99 долари за барел, но цените се и натаму за 10 проценти пониски откао САД и Иран прогласија прекин на огнот.
ЕУ и САД создаваат „енергетски штит“ за критични минерали
Еропа и САД се доближуваат до спогодба за координација во производството на критични минерали, со цел да ја намалат зависноста од Кина, пренесе Блумберг.
Германскиот регулатор ги повика компаниите што поскоро да ги намалат цените на бензинот и дизелот
Германскиот регулатор за заштита на конкуренцијата денеска ги повика компаниите што поскоро да ги намалат цените на бензинот и дизелот, откако падна цената на сировата нафта, по примирјето на Блискиот исток.


