Ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран повторно ги потресе глобалните финансиски пазари, при што цената на нафтата нагло порасна, акциите забележаа висок пад, а инвеститорите се насочија кон безбедни засолништа како американскиот долар и благородните метали.

Загриженоста околу безбедноста на транспортот низ Ормутскиот теснец, клучен коридор за глобалното снабдување со енергенси, продолжува да врши силен притисок врз енергетските пазари.

Негативното расположение се прелеа и на светските берзи. Најширокиот „MSCI“ индекс на акции во Азиско-пацифичкиот регион без Јапонија падна за 1,8 проценти, додека јужнокорејскиот „KOSPI“ загуби 2,7 проценти. Фјучерсите на американските индекси „S&P 500“ и „Nasdaq“ исто така, беа во негатива сигнализирајќи претпазлив почеток на тргувањето на Волстрит.

 

Слични новости

Цените на нафтата скокнаа по новите напади на САД врз Иран

Цените на нафтата скокнаа по новите напади на САД врз Иран

Фјучерсите на суровата нафта „брент“ се зголемија за 3,51 долари, односно 3,72 отсто, достигнувајќи 97,8 долари за барел. Фјучерсите на американската сирова нафта ВТИ се зголемија за 3,31 долари, или 3,73 отсто, достигнувајќи цена од 91,99 долари за барел.