Ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран повторно ги потресе глобалните финансиски пазари, при што цената на нафтата нагло порасна, акциите забележаа висок пад, а инвеститорите се насочија кон безбедни засолништа како американскиот долар и благородните метали.

Загриженоста околу безбедноста на транспортот низ Ормутскиот теснец, клучен коридор за глобалното снабдување со енергенси, продолжува да врши силен притисок врз енергетските пазари.

Негативното расположение се прелеа и на светските берзи. Најширокиот „MSCI“ индекс на акции во Азиско-пацифичкиот регион без Јапонија падна за 1,8 проценти, додека јужнокорејскиот „KOSPI“ загуби 2,7 проценти. Фјучерсите на американските индекси „S&P 500“ и „Nasdaq“ исто така, беа во негатива сигнализирајќи претпазлив почеток на тргувањето на Волстрит.

 

Слични новости