Расположението на германските потрошувачи падна на најниско ниво за последните три години, односно од февруари 2023, се наведува во извештајот на германската агенција за истражување на пазарот ГФК.

Потрошувачкото расположение се однесува на општиот став и чувство што го имаат потрошувачите за економијата, што влијае врз нивната подготвност за лична потрошувачка, која е еден од главните компоненти на стопанскиот развој.

Вредноста на индексот на потрошувачкото расположение во Германија во прогнозата за мај падна од ревидираните минус 28,1 , на минус 33,3 поени, се наведува во извештајот.

Падот на сентиментот кај граѓаните доаѓа поради засилените економски неизвесности со растот на енергентите како последица на војната на Блискиот исток.

Слични новости

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Според најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД, економијата на САД изгубила околу 92.000 работни места, што претставува сериозен удар за економските очекувања и политичката реторика на Доналд Трамп.