Европските берзи паднаа во петокот во претпладневното тргување, главно во банкарскиот сектор, бидејќи проблемите во регионалните банки во САД предизвикаа загриженост кај инвеститорите и за некои други банки.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 1,5 отсто во првиот пресек од тргувањето, губејќи ги речиси сите добивки од почетокот на седмицата. Лондонскиот индекс FTSE се лизна за 1,53 проценти на 9.290 поени, додека франкфуртскиот DAX потона за 2,10 отсто на 23.760 поени, а парискиот CAC за 0,87 отсто на 8.117 поени.
Падот на индексот во голема мера се должи на притисокот врз акциите на банките, како што се „Deutsche Bank“, „Barclays“ и „BNP Paribas“.
Банкарскиот сектор е во просек во пад од речиси 2,5 отсто утрово.
Така, берзите го следат вчерашниот пад на Волстрит, каде што индустрискиот просек Dow Jones падна за 0,65 отсто, S&P 500 за 0,63 отсто, а Nasdaq за 0,47 отсто.
Падот на индексите во голема мера се должи на загриженоста на инвеститорите за регионалните банки во САД, по лошите вести од две.
Цената на акциите на „Zions Bancorporation“ потона за 13 отсто откако регионалната банка објави загуба од 50 милиони долари во третиот квартал, зголемувајќи ја загриженоста на инвеститорите за скриени кредитни проблеми, додека банките се справуваат со економската неизвесност со сè уште релативно високи каматни стапки.
Цената на акциите на „Western Alliance Bank“ падна за речиси 11 отсто откако објави дека поднела тужба за измама против еден од своите клиенти.
Како резултат на тоа, индексот на финансискиот сектор потона за 2,75 отсто.
Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на акциите во Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, падна за 0,9 отсто во истиот термински пресек како и во Европа, па затоа е на пат да ввпиште седмични загуби. Цените на акциите во Австралија, Шангај, Јапонија и Хонгконг паднаа за меѓу 0,8 и 2,3 отсто претпладнево, додека Јужна Кореја и Индија пораснаа за меѓу 0,1 и 0,7 отсто.
Слични новости
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена


