Повеќе од 3.300 учесници со презимето О’Саливен или Саливен сепријавија на овогодишниот собит во западен Корк во Ирска овој викенд со цел да го соборат Гинисовиот светски рекорд за најголем собир на луѓе со исто презиме.

Организаторот на настанот, Џим О’Саливен од Кастлетанбер изјави за „Ајриш Тајмс“дека целта на собирот не е само соборување на рекордот, туку и зачувување на семејните и историските врски на семејството ширум светот.

 

Во Ирска допатуваа и членовите на семејството од Нов Зеланд, Австралија, Канада и САД, а меѓи нив е и сегашниот поглавица на кланот О’Саливен, Кели Саливен од Ајова, чија семејна историја беше инспирација за снимањето на филмот „Спасувањето на војникот Рајан“ на Стивен Спилберг.

Гинисовиот рекорд во моментов го држат Галагери, кои се впишаа во Гинисовата книга на рекорди во 2007 кога 1.4888 Галагери се собраа во Летеркени.

Слични новости

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

За утре е закажана официјалната премиера на биопикот за кралот на попот Мајкл Џексон „Мајкл“,а на социјалните медиуми веќе почна лудилото дека кралот на попот се вратил. Филмот ќе биде достапен низ кино салите ширум светот од 24 април.